Неуморниот Меси ќе игра петти меч во 14 дена

Неспорно е дека Лионел Меси е најдобар фудбалер и неприкосновен лидер во тимот на Барселона, но тоа што тренерот Кике Сетјен не му дава одмор, може скапо да ги чини каталонците во финишот од сезоната во Шпанија и Лигата на шампионите. Аргентинецот веќе не е дете, има 33 години, и иако засега ги издржува напорите, играњето на секои три-четири дена и тоа цели мечеви по 90 минути е ризик.

Попладнево Меси ќе игра на гостувањето кај Селта во Виго, и повторно сите ќе чекаат од него голови (ако даде гол, ќе му биде јубилееен 770-ти) и асистенции. Меси е единствениот играч на Барселона кој не пропушти ниту една секунда од продолжението на сезоната. Одигра четири меча, а денеска му е петти првенствен дуел за само 14 дена.

Но, за Меси не е ништо ново да игра пет меча за 13 или 14 дена. Во неговата 16-годишна кариера тоа се случило дури 43 пати, но разликата е што сега физички и не е толку моќен како што беше некогаш и паузата поради коронавирусот не беше добра за играчите. Сепак, Сетјен знае дека шансите за титулата зависат од Лео и нема да го остави на клупата.

- Оглас -

Најнови вести