Македонија и Летонија одиграа 0-0 во контролен меч одигран вечерва во Скопје како дел од подготовките на овие тимови за квалификациските мечеви со Велс односно Србија.
Летонија која е 139-та на ранг листата на ФИФА (Македонија е на 65-то место), може да биде задоволна со ремито, но не и ние. Ова беше шести меѓусебен дуел со Летонија и после пет триумфи, ова е првпат Македонија да не успее да победи.

Утехата е дека ова беше само пријателски меч, во вторник на гости против Велс сигурно пристапот и желбата за надигрување ќе бидат како на гостувањето кај Белгија кога ја почнавме серијата од три ремија по ред. Но, ако нерешениот резултат во Белгија беше успех, тоа што не ги победивме Казахстан и Летонија дома не е добро.

