Лестер го победи Лидс со 1-0 во неефикасен меч на двете екипи кои сезонава во Премиерлигата имаат примено над 100 гола.
Голот за Лисиците го постигна Харви Барнс во 67-ма минута, и Лестер се зацврсти на прво место на тимови според бројот на голови на англиски фудбалери.
Деби на клупата на Лидс имаше Американецот Џеси Марш. За разлика од претходните пет меча со Марсело Бјелса како тренер, на кои Лидс примаше три или повеќе голови, овојпат имаа напредок, само еднаш ја вадеа топката од мрежа.