Неверојани голови во Серија А, мајсторија на Луис Алберто, Бираги пак даде гол со шут од својата половина (Видео)

Екипите на Фиорентина и на Лацио славеа на двата денешни дуела во Серија А, а победите ги одбележаа спектакуларни голови на двата тима.

Лацио со минимални 1:0 ја совлада Сампдорија, која е сè поблиску до Серија Б, а единствениот гол го постигна Луис Алберто во 84-тата минута.

https://twitter.com/i/status/1630318741291515904

Бразилецот со фантастичен удар од 17-тина метри го совлада Адуеро и го искачи Лацио на четвртото место на табелата со 45 бода, еден повеќе од Рома, која својот натпревар од 24-тото коло ќе го игра утре.

Фиорентина пак со 0:3 славеше на гостувањето кај Верона, а Кристијано Бираги го постигна голот на сезоната во Серија А. Во 89-тата минута Бираг забележа дека голманот на Верона е излезн од сопствениот шеснаесетник и со фантастичен удар од сопствената половина успеа да постигне гол.

https://twitter.com/i/status/1630287701780955136

Претходно, головите за Виолетовите ги постигнаа Барак и Кабрал.
Фиорентина со победата се искачи на 12-тото место на табелата, додека Верона остана 18-та со 17 освоени бодови.

- Оглас -

Најнови вести