Неверојатен е Влаховиќ: Се израмни со Роналдо во еден, а со големата легенда на Фиорентина во друг рекорд (ФОТО)

Неверојатна година зад себе има Душан Влаховиќ.

Младиот напаѓач на Фиорентина со 21 година, постигна 33 погодоци во оваа календарска година во Серија А и со тоа се израмни со Кристијано Роналдо.

На српскиот напаѓач потребен му е уште еден гол и тоа може да го стори на последната утакмица годинава против Верона.

Влаховиќ денеска стрелаше во 51-та минута, во ремито на неговиот тим против Сасуоло од 2:2.

Воедно, ова беше шести натпревар едноподруго каде што Србинот се запишува во листата на стрелците, а претходно тоа му успеало само на големиот Габриел Батистута.

- Оглас -

Најнови вести