Неверојатен факт: Со Јокиќ на теренот, Американците не можеа да направат предност

Кошаркарите на САД убедливо со 110:84 ја победија Србија во меч кој беше дерби на првото коло на олимпискиот турнир во Париз. Со овој резултат Американците покажаа зошто се главни фаворити за златото, но сепак има еден интересен податок кој покажува која е слабата точка на Србите.

Никола Јокиќ не случајно е најдобар кошаркар во светот во последните неколку години, а тоа го потврдува и стаистиката од пресметката против САД. Центарот на Србија на теренот помина 31 минута, а со него на терен, Србите воопшто не заостануваа зад првиот фаворит за златото.

Во тие 31 минута колку што Јокиќ играше на теренот, двете репрезентации постигнаа по 81 поени, што значи дека со него на теренот Србија била рамноправен ривал.

Сепак, проблемот се случува кога Јокиќ ќе излезе од игра. Во тие 9 минути од играта кога Јокиќ одмораше на клупата за резерви, Американците беа убедливи и дадоа 29 поени, а примија само три. Од таму е и разликата од 26 поени на крајот на средбата.

Јокиќ мечот го заврши со 20 поени (погоди осум од 15 удари од поле), а имаше и осум асистенции и пет скока.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести