Неверојатен гол во Унгарија, збунет беше и стрелецот кој се извинуваше (Видео)

Екипата на ДВТК водеше 1-0 против Ференцварош и се надеваше на чудо, но во 50-та минута домашните изедначија со случаен гол и тоа им го отвори патот до пресврт, па на крај унгарскиот првак триумфираше со 3-1.

Резервистот Елтон Аколатсе кој влезе на терен на почетокот на второто полувреме, ја нафрли топката, но таа имаше многу чудна траекторија и ги изненади сите, најмногу голманот на ДВТК кој беше сигирен дека топката оди над голот, и заврши во мрежата. И стрелецот беше збунет и ги крена рацете во знак на извинување со што докажа дека намерата не му била да шутне туку да нафрли. Плус тоа, Аколатсе е поранешен играч на ДВТК, па можеби се извинуваше и поради тоа.

- Оглас -

Најнови вести