Србија речиси сигурно нема да биде учесник на фудбалското Светско првенство следната година, иако уште има една луда теорија која може да ги однесе во бараж.
Има една многу непријатна, би се рекло и чудна традиција поврзана со српскиот, па и југословенскиот фудбал во последните 60-тина години.
Србија, претходно и екс Југославија, се редовни учесници на Мундијалите кои се играле во Европа, од 1966 наваму секогаш играат на СП на Стариот континент.
Но, светските првенства на американските континенти им се баук. Некогашна Југославија, подоцна и Србија, немаат играно на СП во Америка уште од далечната 1962 кога се играше во Чиле.
Не успеаја да се пласираат на СП во Мексико 1970, Аргентина 1978, Мексико 1986, од административни причини ги немаше во САД 1994, не играа ни во Бразил 2014, а ќе ги нема ни во 2026 во САД, Канада и Мексико.

