27.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Неверојатен меч: Атлетико промаши пенал, доби црвен, поведе, но на крајот остана без победа (Видео)

Мајорка и Атлетико Мадрид одиграа меч на кој имаше буквално од се по нешто, а на крајот гостите се тие кои ќе жалат за победата. „Јорганџиите“ остануваат на само една победа во пет првенствени кола, откако дуелот на Палме де Мајорка заврши нерешено, 1-1.

Хулијан Алварес во 14-тата минута промаши пенал, а Александер Сорлот во 73-тата минута заработи директен црвен картон, но и тоа не го спречи Атлетико Мадрид да дојде во водство од 0-1 преку Конор Галагер во 79-тата минута.

Сепак, Ведат Муриќи во 85-тата минута со гол со глава спаси бод за Мајорка.

- Оглас -

Најнови вести