Неверојатен момент во белградска Арена – Илјадници плишани играчки на терен во хуманитарна акција (Видео)

Пред почетокот на вечерашниот натпревар меѓу Партизан и Макаби од 19-то коло од Евролигата, неверојатно емотивни сцени во белградска Арена.

Кошаркарскиот клуб Партизан ги повика своите навивачи да донесат плишани играчки како дел од хуманитарна акција. За секоја донесена играчка, генералниот спонзор НИС ќе донира по 1.000 динари (околу 9 евра) во хуманитарни цели. Овој апел наиде на огромен одзив, и навивачите на Црно-белите ја преплавија арената со плишани животни.

Овој гест е уште еден пример за сплотеноста и хуманоста на спортот, претворајќи го натпреварот во настан со повисока цел – помош за оние на кои им е најпотребна.

- Оглас -

Најнови вести