Неверојатен натпревар: Поранешниот бундеслигаш четирипати водеше, но на крајот загуби со 6:4

Долги години Херта беше „главна“ во Берлин, но со влегувањето во Бундеслигата на Унион, работите се сменија, и „помалиот брат“ е главна атракција во германскиот град.

Унион Берлин ќе игра во Лигата на шампионите, додека Херта минатата сезона испадна од Бундеслигата, и денеска загуби на неверојатен начин.

Херта денеска го доживеа четвртиот пораз во петте меча во втората германска лига, и тоа со 6:4 од Магдебург.

Интересно е што Херта дури четирипати водеше, но на крајот загуби со 6:4.

https://twitter.com/eurofootcom/status/1697975597455097932?s=20

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести