Неверојатен план за тоа што да има на местото кога ќе се сруши „Сан Сиро“

Култниот стадион „Сан Сиро“ во Милано заминува во историјат, откако двата клуба Интер и Милан се договорија да изградат нов заеднички дом. До 2027 година треба да биде готов еден од најмодерните стадиони во светот, кој ќе го носи името „Катедрала“.

Според пресметките, новиот стадион на двата клуба на годишно ниво ќе им носи по 80 милиони евра заработувачка. Кога ќе биде изграден новиот стадион, легендарниот „Сан Сиро“ едноставно ќе биде срушен.

Уште нема одлука за тоа што ќе има на местото на „Сан Сиро“, а познатиот италијански архитект Анџело Рена има интересна идеја. Тој престави план според кој, треба да бидат засадени 35.000 чемпреси на местото каде што сега е „Сан Сиро“ и тие да преставуваат спомен на досега починатите 35.000 луѓе од пандемијата на корона-вирусот во областа околу Милано.

Четирите главни столба кои се симбол на „Сан Сиро“ би требало да останат како дел од историјата.

„Главна идеја е да се спасат некои од деловите на стадионот од рушење и целата структура да се претвори во комеморација на сите жртви од корона-вирусот“, вели дизајнерот Рена.

- Оглас -

Најнови вести