Статистичарите извадија еден неверојатен податок со кој суеверните треба да бидат убедени дека денеска едноставно беше „запишано во ѕвездите“ дека Новак Ѓоковиќ ќе загуби.
Проклетството на Новак се вика 2.195 дена. Лани во јули кога Ѓоковиќ го загуби финалето на Вимблдон од Карлос Алкарас, тоа му беше прв пораз во Лондон по 2.195 дена.
Денеска Ѓоковиќ беше надигран од Јаник Синер во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија и тоа е прв негов пораз во Мелбурн по пауза од 2.195 дена.