Неверојатен податок: Половина од САД мразат еден тим од НБА (ФОТО)

Пред крајот на секоја година, американските медиуми објавуваат мапа на најомразени тимови од НБА.

Така, убедливо број еден најомразен тим е Лос Анџелес лејкерс, кој е најомразен во 26 држави во САД.

Сето тоа се должи на Леброн Џејмс, кој покрај тоа што е величен од многу фанови во Северна Америка, тој исто така има и многу „хејтери“.

На второто место на листата на омразеност е Бруклин нетс, кој до ова дојде „благодарение“ на ангажирањата на Џејмс Харден, Кевин Дурант и Кајри Ирвинг.

А на оваа листа ги има Голден стејт ворирорс, Чикаго булс, Бостон селтикс и Њујорк никс.

- Оглас -

Најнови вести