Неверојатен податок: Промашениот пенал на Меси е знак дека Аргентина ќе биде нов светски првак!?

Лионел Меси синоќа промаши пенал во дуелот на Аргентина против Полска, но за среќа на капитенот на Гаучосите, тоа немаше негативен ефект затоа што неговиот тим победи со 2:0 и на крајот го освои првото место во групата.

Аргентина во осминафиналето ќе игра против Австралија и јужноамериканскиот гигант е голем фаворит на овој дуел, но не треба да се заборави дека тоа е само еден меч и можни се секакви изненадувања.

Меси во кариерата има вкупно 31 промашен пенал, но тој против Полска синоќа може да е предзнак за нешто големо за Аргентина, селекцијата која низ историјата двапати била светски првак.

На планетарниот трон Аргентина првпат застана во 1978 година, а интересно е тоа дека Марио Кемпес на тој Мундијал промаши пенал во третото коло од групната фаза, а потоа селекцијата стигна до трофејот.

Нешто слично се случи во 1986 година, кога Аргентина по вторпат стана светски првак, а тогаш во меч од третото коло од групната фаза пенал промаши Диего Армандо Марадона. Тој пенал не беше штетен за Гаучосите, кои на крајот се радуваа на највредниот трофеј.

За потсетување, синоќа Меси во третото коло од групната фаза промаши пенал. Дали е тоа знак за нешто големо за Аргентина?

- Оглас -

Најнови вести