Неверојатен податок за трипл-дабл подвизите на Јокиќ

Никола Јокиќ веќе со години доминира во НБА лигата. Трипати беше МВП на мечевите од регуларниот дел во НБА, а во 2023 година стана шампион со тимот на Денвер. Седумкратниот ол-стар играч во таа сезона стана и МВП на финалето во НБА лигата.

Во оваа сезона, Јокиќ игра уште подобро. Има просек од 30,2 поени по меч и моментално е трет стрелец во лигата, потоа е со просек од 13,4 скока што истотака е на третото место сезонава, а со 10,1 асистенции во просек по натпревар е на второто место на најдобри асистенти во најсилната лига за оваа сезона.

За тоа колку доминантно делува Јокиќ потврдува и фактот дека има направено 150 трипл-дабл учиноци и тоа во само 713 одиграни натпревари.

„Јокиќ стигнал до трипл-дабл на 21 отсто од натпреварите кои ги има одиграно, Никој во историјата на НБА лигата нема толку висок процент“, се вели во анализата од НБА, додавајќи дека од тие 150 средби на кој српскиот центар имал трипл-дабл, неговиот тим победил дури на 119.

Низ историјата на НБА лигата само двајца кошаркари имаат повеќе трипл-дабл учиноци од Јокиќ, а тоа се Расел Вестбрук со 202 и Оскар Робертсон со 181 трипл-давл остварувања. Со над 100 трпил-дабл постигнувања се само уште и Меџик Џонсон 138, Леброн Џејмс 121 и Џејсон Кид 107.

Резултати од мечевите одиграни ноќеска во НБА лигата: Шарлот – Портланд 97:102, Филаделфија – Кливленд 132:129, Мемфис – Њу Орлеанс139:126.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести