Неверојатен предлог: Меси да биде соиграч со Елмас!

Лионел Меси има договор со Барселона кој му истекува на крајот од сезонава. Потоа, Аргентинецот како слободен играч може да ја одбере неговата следна дестинација. Некогашниот играч на Барселона, Кевин Принс Боатенг даде еден „луд“ предлог, а тоа е Меси да ги следи стапките на неговиот идол Диего Армандо Марадона и да се пресели во Наполи.

„Договорот на Меси истекува во јуни. Колку би било убаво да се јави во Наполи и да рече „Јас доаѓам“. би можел да дојде на една или две сезони, доколку исклучиво размислува со срцето, а не низ призма на парите. Тоа би било како на филм. Тогаш ќе треба да оди на тренинг со хеликоптер, затоа што луѓето би го изеле од што ќе го сакаат. Тоа би било добра порака, која би влегла во историјата на спортот“, вели Боатенг во својот предлог.

Наполи веќе ја повлече 10-ката во знак на Марадона, а сигурно доколку дојде Меси, тоа би било единствен преседан поради кој повторно би го активирале дресот со тој број. Во Наполи е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, па сигурно сон би било и за Елмас да стане соиграч со Меси.

 

- Оглас -

Најнови вести