Вкупно шест меча се одиграа ноќеска во НБА лигата, а еден дуел посебно беше во фокусот. Во „ТД Гарден“ во Бостон, домашните Селтикс го победија Мајами хит со 98:96. Овој триумф на Бостон добива посебно на тежина поради фактот дека успеаа да се вратат од негатива од 22 поени и на крајот да ги израдуваат домашните фанови.
Мајами фуриозно го започна мечот и за брзо време поведе со 25:6. Потоа гостите константно ја контролираа двоцифрената предност, а пред крајот на првото полувреме водеа и со 58:36, за да на полувреме заминат со 21 поен предност.
И покрај големото заостанувањето, Бостон не се предаде, па во второто полувреме се случи еден од поголемите пресврти. Мајами водеше со 67:49, кога Бостон со серија од 11:0, се доближи само на минус седум (60:67), а до крајот на третата четвртина домаќините успеаа и да поведат со 74:72.
Во последната четвртина ниту еден од двата тима не поведе повеќе од пет разлика, а во завршницата, Бостон губеше со 96:95, кога Вучевиќ даде тројка за 98:96 на една и пол минута до крајот. Интересно е дека во последните 90 секунди, ниту еден од двата тима не даде кош, па Бостон победи со 98:96.
Во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Детроит – Њујорк 118:80, Милвоки – Индијана 105:99, Минесота – Њу Орлеанс 115:119, Портланд – Мемфис 135:115 и Сакраменто – ЛА Клиперс 111:114.

