31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Неверојатен пресврт на Бруклин во Сакраменто

Данџело Расел со неверојатни 27 поени во последната четвртина беше човекот кој придонесе Бруклин нетс да направи еден од најголемите пресврти во историјата на НБА. На гостувањето во Сакраменто, „мрежичките“ по три четвртини игра губеа со 78-103, но благодарение на Расел, успеаја да победат на крајот и да ја шокираат публиката во главниот град на Калифорнија.

Победничкиот кош го даде Ронде Хилис Џеферсон на 0,8 секунди до крајот. Расел заврши со личен рекорд од 44 поени, а имаше и 12 асистенции. Во третата четвртина, Нетс губеше и со 28 разлика, па ова им е трети најголем пресврт во клупската историја. Со победата, Бруклин се зацврсти на седмото место, додека по поразот, Кингс се оддалечува од плејофот.

Клиперс за првпат по 2014 година дома ја совлада Индијана.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Филаделфија 114-118, Атланта – Хјустон 105-121, Милвоки – ЛА лејкерс 115-101, Минесота – Голден стејт 107-117, Сакраменто – Бруклин 121-123, ЛА клиперс – Индијана 119-105.

- Оглас -

Најнови вести