Неверојатен пресврт на Тим против Зверев за прва гренслем-титула (видео)

Доминик Тим е првиот тенисер роден по 1990 година кој освои гренслем-титула, по неверојатниот камбек на австрискиот тенисер во финалето против Александер Зверев. Тим е новиот шампион на Отвореното првенство на САД откако надополни два сета негатива и на неверојатен начин по четири часа драма стигна до посакуваната титула.

Австриецот е 55-ти гренслем-шампион во ерата на Отворените првенства, вкупно 150-ти на сите времиња. Тој е само вториот играч од Австрија кој триумфира на еден од четирите најголеми турнири, повторувајќи го успехот на Томас Мустер, кој во 1995 година се радуваше на трофејот на Ролан Гарос.

Тенискиот свет од 2014 година чека нов гренлем-шампион, кога Марин Чилиќ триумфираше во Њујорк.

Зверев тргна фуриозно и во првите два сета на двапати му крадеше сервис на Тим и со 6-2, 6-4 поведе со 2-0. Иако тоа беше најава дека Германецот може доминантно до трофејот на американскиот грендслем, Тим дури тогаш почна да игра посериозно и успеа да ги одржи надежите за враќање во мечот.

Со два брејка, Тим намали на 2-1, за во четвртиот сет да направи нов брејк во осмиот гем и да изнуди петти решавачки сет. Јасно беше дека борбата ќе биде долга и неизвесна, па двајцата тенисери уште на стартот од сетот направија по еден брејк. Зверев поведе со 5-3, Тим веднаш возврати со нов брејк, а потоа и поведе со 6-5, по што Зверев го одведе сетот до тајбрејк.

Тим ја искористи дури третата меч-топка за 8-6 во тајбрејкот и да испише историја во Њујорк.

https://twitter.com/usopen/status/1305320346610995201

Австриецот во своето четврто гренслем-финале ја освои првата титула, претходно годинава загуби од Ѓоковиќ на ОП на Австралија, а во 2018 и 2019 година губеше од Надал на Ролан Гарос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести