Некогашниот европски првак Хамбургер ќе почека барем уште малку за да се израдува за враќање во Бундеслигата, затоа што ќе мора да игра плејоф-бараж со Штутгарт. Во последното коло од Цвајте, Хамбургер со 1:0 победи на гости кај Зандхаусен и фановите на Хамбургер веруваа дека тоа е доволно за да бидат на една од првите две позиции, коишто носат директен пласман во Бундеслигата.
Тоа беше така затоа што Хајденхајм губеше со 2:0 на гости кај Регенсбург, а им беше потребна победа. Хајденхајм брзо намали на 1:2, а тој резултат беше актуелен до 90+3 минута. Тогаш гостите израмнија на 2:2, но и тоа беше резултат кој одговараше на Хамбургер, чии навивачи славеа.
https://twitter.com/i/status/1662870551444979712
Сепак, во 90+9 минута се случи чудо. Хајденхајм постигна и трет гол на гости кај Регенсбург и победи со 3:2, а со тие три бода стигна со 67 бода прво место во Цвајте. Дармштат, кој загуби во последното коло, беше сигурен со 67 бода, а Хамбургер остана трет со 66 бода и тоа е поради двата гола коишто Хајденхајм ги даде во судиското надополнување.
Навивачите на Хамбургер коишто славеа на теренот наеднаш паднаа во очај откако слушнаа за пресвртот во Регенсбург, по кој нивниот омилен тим остана на третото место и ќе мора да игра бараж против Штутгарт за влез во Бундеслигата.
Drama in Sandhausen! Platzsturm, dann missverständliche Infos aus Regensburg und am Ende doch die Gewissheit: Es reicht nicht zum direkten Aufstieg für den HSV! #hsv #sky2buli #svshsv pic.twitter.com/7lvxdK4Wrz
— Sky Sport (@SkySportDE) May 28, 2023