Српскиот тенисер со 646 победи и 64 АТП-титули се наоѓа на првото место на вечната листа во конкуренција на победници на турнири на тврди подлоги.
Благодарение на неговата неверојатна ментална сила, издржливост, борбеноста и тениското знаење, Ѓоковиќ е речиси непобедлив откако ќе го освои првиот сет во финале на турнир што се игра на тврда подлога.
Новак досега го освоил првиот сет на 55 финални дуели на АТП-турнири и во тој случај на крајот во 54 наврати ја освоил титулата. Единствениот меч што го загубил во едно финале откако прв го освоил сетот е дуелот против Станислас Вавринка во финалето на ОП на САД во 2016 година.
Ѓоковиќ има перфектни 21-0 во финалињата на Мастерс турнирите откако го освоил првиот сет.
Последните два турнири на тврда подлога на кои славеше Ѓоковиќ беа во Тел Авив и Астана.