Неверојатен рекорд на Модриќ, вакво нешто досега не му успеало на ниту еден фудбалер во историјата

Селекцијата на Хрватска во првиот натпревар на Мундијалот во Катар не успеа да го совлада Мароко играјќи 0:0, но капитенот на Коцкестите, Лука Модриќ, има причини за славење.

Модриќ со 37 години и 15 дена стана најстариот хрватски репрезентативец кој играл на Светско првенство, но исто така се запиша и во историските книги.
Имено, фудбалерот на Реал Мадрид стана првиот фудбалер во историјата кој играл на Европски и Светски првенства во три децении.

Модриќ дебито за хрватската репрезентација го имаше во 2006 година на пријателскиот натпревар против Аргентина и досега има 155 натпревари за Коцкестите на кои постигна 23 гола. Тој со Хрватска настапи на Светските првенства во 2006, 2014 и 2018 година, како и на Европските во 2008, 2012, 2016 и 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести