Неверојатен резултат: прволигашки кошаркарски меч заврши со 185 поени разлика!

Во кошарка не е непознато да има големи разлики, особено во младинските категории и кај жените, но ова што се случи вчера во Словачка на прволигашки меч во женска конкуренција, е несекојдневно и ги надминува границите на нормалното.

Екипата на Славија од Банска Бистрица, го победи Тренчин со дури 185 поени разлика, конечниот резултат беше 201-16! Гостинките во цело второ полувреме дадоа само четири поени.

А, Тренчин во претходното коло победи, додека Славија има и еден пораз сезонава.

Бројот на поени на Славија и разликата со која победија, се рекорди во словачката кошарка. Снежана Богичевиќ од Славија имала трипл дабл од 64 поени, 24 скока и 16 украдени топки.

- Оглас -

Најнови вести