Неверојатен скандал во Дијамантската лига: Организаторот виновен за водечкиот да не победи (Видео)

Дијамантската лига која вечерва се одржа во Монако ќе се памти по неверојатниот превид што го направи организаторот. Скандалот се случи на трката на 3.000 метри со препреки, а „настрада“ кенискиот атлетичар Бенџамин Киген.

Кениецот имаше одлична трка и беше во водство, но организаторите направија превид, откако со ѕвончето предвреме беше означено дека трката влегува во последниот круг. Киген тргна да финишира, а во моментите кога мислеше дека победил, уште еднаш го слушна ѕвончето за последен круг, а организаторите му сугерираа дека всушност во тој момент треба да започне последниот круг.

Истоштениот Киген немаше шанси да продолжи во ист ритам и на крајот, наместо како победник, заврши дури на седмото место во оваа трка. Победник беше уште еден Кенијец, Абрахам Кибивот со време од 8:07.81 минути.

- Оглас -

Најнови вести