Неверојатен скок на цените за финалето во НБА

Милвоки бакс и Феникс санс вечерва во 3 часот наутро ќе го играат шестиот меч од финалето на НБА-лигата. Домаќините водат со 3:2 во победи и евентуален триумф на следниот меч, ќе значи дека НБА ќе го добие новиот НБА-шампион.

Илјадници навивачи на Милвоки сакаат да бидат на трибините во за нив историскиот меч на којшто очекуваат да се радуваат на титулата што ја чекаат половина век. Според најавите, непосредно пред почетокот на мечот, цените на билетите вртоглаво скокнаа.

Билетите се продаваат за 1.000 до 1.500 долари, а оние кои се за ВИП местата чинат и до 10.000 долари. Феникс поведе со 2:0 во финалната серија, а потоа Милвоки нареди три победи во низа и сега ја има посакуваната меч-топка за шампионскиот трофеј.

 

- Оглас -

Најнови вести