Неверојатен ватерполо резултат: Унгарија – Кореја 64-0!

Националниот тим на Унгарија за жени во ватерполо, постави рекорд за најубедлива победа во историјата на светските првенства во овој воден спорт. На првиот ден од шампионатот во водени спортови во корејниот град Гуангџу, Унгарките ги уништија домаќинките со просторо неверојатни 64-0.

Унгарија е двократен светски и трикратен европски шампион, а утrово буквално ја прегази Јужна Кореја, која првпат участва на СП во ватерполо и тоа затоа што е домаќин на настанот. Резултатот по четвртини беше 16-0, 18-0, 16-0, 14-0. Првиот гол падна уште во 12-тата секунда, и се виде дека црно им се пишува на младите и неискусни Корејки, во чиј состав, најстарата има 23 години. По две минути игра беше 5-0, а Унгарките на беспомошниот противник му дадоа 64 гола од 67 шута кон голот.

И во групата А имаше катастрофални резултати. Холандија ја победи Јужна Африка со 33-0, а САД до надигра Нов Зеланд со 22-3.

Утре стартуваат и мажите, а дербито е помеѓу соседите Србија и Црна Гора. На мечевите од СП во ватерполо во машка и женска конкуренција можете да се обложите во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести