29.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Неверојатни суми плаќал Сити за прославите на трите титули

Манчестер сити имаше историска сезона откако освои тројна круна. По освојувањето на трофејот во Премиер лигата и ФА купот, како шлаг на сезоната беше пехарот во Лигата на шампионите.

По победата во Истанбул над Интер, фудбалерите на Манчестер сити започнаа со славењето кое траеше неколку дена. Веднаш по финалето, првата прослава беше во хотелот „Мериот“, каде што се лудувало до осум часот наутро следниот ден.

Таткото на Џек Грилиш, Кевин Грилиш, вели дека лудо славење имало уште по освојување на титулата во Премиер лигата.

„Уште пред да започнат овие прослави за трите трофеи, имаше пијанка по повод освојување на титулата во Премиер лигата. Ја видов сметката за пијачките во клубот ‘Тунел’ и таа изнесуваше 55.000 евра. Знам што ќе кажете, дека Џек испил сè сам, но не е така. Баш напротив, Џек порано си замина дома“, откри Кевин Грилиш.

Голманот на Сити, Бразилецот Едерсон, открива како реагирале оние играчи кои најчесто не пијат често.

„Во екипата има фудбалери кои не пијат алкохол, како што се Натан Аке и Рубен Дијас. По освојувањето на тројната круна, Дијас направи исклучок и тоа не заврши добро. Само по две пијачки почна толку многу да повраќа, што на крајот поврати во торбата на мајката на Грилиш“, открива Едерсон.

Манчестер сити стана втора англиска екипа со тројна круна, повторувајќи го успехот на Манчестер јунајтед во 1999 година.

- Оглас -

Најнови вести