Неверојатна борба за опстанок, 10 клуба само во пет бода растојание

Во изминативе неколку години германската Бундеслига беше една од најпредвидливите барем кога се работи за тоа кој ќе биде првак затоа што Баерн Минхен е доминантен. Ситуацијата сезонава делува многу понеизвесно, па иако очекувано Баерн е лидер, веднаш зад него се неколку екипи кои може да го загрозат. Фрајбург, кој е на шестото место со 34 бода, односно шест помалку од лидерот Баерн, го затвора кругот на фаворити за излез во Европа следната сезона.

Освен неизвесноста која ја има во Бундеслигата оваа сезона, посебно е интересно во Цвајте, односно втората германска лига. Тука посебно драматична борба ќе гледаме за спас од испаѓање, барем според тоа што досега се покажува.

По 19 одиграни кола, Магдебург е на последното 18-то место со 18 бодови, но тоа е само еден бод помалку од Карлсруе, кој е на 14-тата позиција со 19 бодови. Тоа значи дека само во еден бод растојание се последните пет екипи на табелата.

Ништо подобри не се и оние кои се малку погоре на табелата, па Сент Паули, кој е на деветтото место, има освоено 23 бода, односно е само на пет бодови од „фенерџијата“ Магдебург.

- Оглас -

Најнови вести