Денеска започнува најпрестижниот тениски турнир Вимблдон, а титулата ќе ја брани Новак Ѓоковиќ, кој има четири триумфи по ред, но има уште една бројка од која им се леди крвта во вените на неговите ривали.
Ѓоковиќ во наредните две недели ќе се обиде да се израмни со Роџер Федерер по бројот на освоени титули, осум, но дополннителен страв на неговите противници им влева податокот дека српскиот тенисер дури десет години нема пораз на Централниот терен на Вимблдон.
Последен пат Новак Ѓоковиќ загуби на Централниот терен во 2013 година, кога од него беше подобар Енди Мареј, и тоа во финалниот меч со 3-0 во сетови (6:4,7:5,6:4).
Оттогаш Ѓоковиќ освои шест титули и доживеа само два пораза, но ниту еден не беше на Централниот терен, туку на теренот број еден.