Репрезентацијата на Шпанија е прв финалист на машкото Светско првенство во ватерполо кое се одржува во Сингапур.
Шпанците во супер драматичното полуфинале ја победија Грција по подобро изведување на пенали откако во регуларниот дел средбата заврши 7-7. Шпанија на полувреме водеше со 6-3, но нашиот јужен сосед одигра одлично во вториот дел и направи пресврт, поведувајќи со 7-6. Првиот гол на Шпанија во второто полувреме го постигна Мунариз на една секунда до крајот.
Во пенал-серијата Шпанците беа непогрешливи, а Грците не реализираа два петерци.
Во финалето Шпанија ќе игра против Србија или Унгарија.
— FantomBeograda (@FantomBeograda) July 22, 2025