Неверојатна драма и на крај Кенгурски скок на Мундијалот во Катар

Репрезентацијата на Австралија се пласира на Светското првенство во Катар откако по неверојатна драма, дури по подобро изведување на пенали, го елиминира Перу. Австралија помина два нокаут-меча и заслужено ќе биде дел од светската елита затоа што пред една недела со 2:1 ги елиминира и Обединетите Арапски Емирати.

На неутрален терен вечерва во Катар, Австралија и Перу одиграа меч на кој двете екипи многу повеќе гледаа да не примат гол отколку да погодат. Затоа и немаше погодоци по 90 минути, а исто беше и по дополнителните 30 минути, па мораше да се изведуваат пенали.

Селекторот на Австралија реши да направи изненадување во 121-вата минута и на местото на Рајан го стави Редмајн да ги брани пеналите. Лошо започна пенал-рулетот за Австралија затоа што Бојл го промаши првиот шут, а потоа Перуанците утнаа во третата серија, кога непрецизен беше Адвинкула. По пет серии беше 4:4, а потоа Мабли погоди за Австралија, додека Валера е трагичарот на Перу затоа што не погоди и Кенгурите ги добија пеналите со 5:4.

- Оглас -

Најнови вести