Шампионот на Саудиска Арабија, Ал-Хилал, не се откажува од желбата да го ангажира Лионел Меси и за таа цел му нуди неверојатни милијарди евра, со што би го потпишал најголемиот договор во историјата на спортот.
Ал-Хилал му нуди двегодишен договор на Меси вреден неверојатни милијарда евра, односно 500 милиони евра по сезона.
Моментно, најголема плата во светот на фудбалот има Кристијано Роналдо, кој од Ал-Наср, добива 200 милиони евра по сезона .
Договорот на Меси со ПСЖ истекува на 30 јуни, по што ќе стане слободен играч.
Сепак, најблиску до потпис со Меси е Барселона, која на сите можни начини се обидува да ги реши проблемите со финансискиот ферплеј за да може налето да го врати Аргентинецот на „Камп nоу“.