Ливерпул и Манчестер јунајтед одиграа нерешено 2:2 во дербито меѓу најтрофејните клубови во Англија. Домаќинот на „Енфилд роуд“ беше голем фаворит, но Манчестер прв постигна гол.
Потоа Ливерпул го сврте резултатот во своја корист, но гостите од Манчестер стигнаа до 2:2. Црвените ѓаволи имаа шанса и за комплетен пресврт, да стигнат до победа од 3:2, но Хари Мегваер промаши стоостотна шанса и тоа во последните моменти од мечот.
Мегваер беше сам на неколку метри од голот, но шутираше високо над голот и резултатот остана 2:2. На социјалните мрежи се појави видео со тоа како реагираа соиграчите на Мегваер по неговото промашување и колку разочаран беше тренерот Рубен Аморим.