Неверојатна голманска грешка можеше да биде кобна за Црногорците против Гибралтар (Видео)

Црна Гора потешко од очекувањата го скрши отпорот на Гибралтар, победи со 3-1, но вториот и третиот гол паднаа во последната третина од мечот.

Соколите победата му ја посветија на покојниот поранешен легендарен репрезентативец Андрија Делибашиќ кој почина пред неколку дена.

Работите не тргнаа добро за Црна Гора, во 13-та минута се случи шок во Подгорица, Ден Бент ја искористи катастрофалната грешка на голманот Игор Никиќ и му донесе предност на аутсајдерот од 1-0. Голот погледнете го ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести