Неверојатна измама: Маж се маскира со хиџаб и очила и играше шах против жени

Кениецот Стенли Омонди се најде во центарот на вниманието на јавноста во неговата земја и во шаховскиот свет, бидејќи се маскира со хиџаб и со наочари за сонце и играше на турнир за жени.

На 31-то издание на меѓународниот шаховски турнир, Отворено првенство на Кенија, кој се играше од 6. до 10. април во Најроби, настапија 445 шахисти во машка и женска конкуренција, организаторите беа збунети од една од натпреварувачките која во последен момент се појави на турнирот.

Таа носела хиџаб со кој било покриено лицето, а имала и очила, а вниманието на организаторите и судиите им го привлекле и машките кондури, како и широките рамења.

Стенли одиграл четири кола, по што судиите го тргнале на страна и една од судиите го испратила до тоалетот каде бил замолен да го симне хиџабот, по што била откриена измамата.

На крајот, Стенли Омонди, им признал на организаторите дека се одлучил за измама поради богатата парична награда која изнесувала околу 3.300 евра за победникот на женскиот турнир.

- Оглас -

Најнови вести