Младинската репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години денес е пред нов предизвик, наречен Германија. Избраниците на селекторот Тони Јакимоски, направија вистинска сензација и го совладаа домаќинот на квалификацискиот турнир, Полска, со 2-0 во првото коло и ширум си ги отворија портите кон Елетната рунда за пласман на Европското првенство следната година.
Нова сензација на Македонија во понудата на Sport Life ќе ви донесе неверојатна квота од 16.8, додека ремито има квота од 7.25. Секако, Германија е фаворит на овој натпревар, но овие момци покажаа и докажаа дека имаат квалитет да се надигруваат со сите репрезентации. Сепак, и доколку доживееме пораз од топ фаворитот во нашата група, Германија, ништо нема да биде загубено, бидејќи клучниот натпревар за нас е овој против Казахстан во вторник во рамки на последното, трето, коло од квалификациите.