Неверојатна низа: Тренерот на Тотенхем прослави несвојствен јубилеј

Австралискиот тренер со грчко потекло, Ангелос Постекоглу, во саботата со екипата на Тотенхем го совлада Шефилд јунајтед на домашен терен со 2-1.

Тоа за него беше дури 50-ти првенствен натпревар во серија без пораз на домашен терен со екипите коишто ги водел.

Постекоглу во Тотенхем пристигна од шкотскиот Селтик, а претходно беше тренер на Јокохама, Мелбурн Виктори, Бризбејн и Вајтлси во Австралија, како и во грчикиот Панахаики. Во својата тренерска кариера бил и селектор на сениорската репрезентација на Австралија, како и на младинските до 17 и до 19 години.

- Оглас -

Најнови вести