Бенфика се мачеше со третолигашот Трофенсе во купот на Португалија и одвај го елиминираше со 2-1 и тоа после продолженија, а голема заслуга за тоа има голманот кој после вакво издание, можеби ќе направи трансфер во поголем клуб.
Голманот Родриго Моура кој инаку е резервен чувар на мрежата на Трофенсе, имаше одбрана за паметење кога спречи водство на лисабонските Орли од 2-0 со чудесна одбрана со нога.
Иако топката го смени правецот, леташе полувисоко и се чинеше дека ќе го измами бразилскиот голман кој веќе паѓаше, Моура со рефлексна интервенција спречи гол и со нога ја испрати топката во корнер. Играчите на Бенфика беа во шок, бидејќи беа сигурни оти ќе поведат со 2-0 во финишот на првото полувреме.
Погледнете ја одбраната:
https://twitter.com/i/status/1449466800647802880