Неверојатна победа на Борусија Менхенгладбах – Каква голгота на Баерн, Ади Хутер пак им фрли петарда (Видео)

Ади Хутер го има рецептот за петки против Баерн Минхен, а вечерва повтрно предводеше тим што му даде пет гола на најтрофејниот германски клуб.

Борусија Менхенгладбах слави голема победа од 5:0, со која го елиминира Баерн во Германскиот куп.

Домаќините и буквално го нокаутираа најсилниот тим во Германија и еден од најсилните на светот, а гостите доживеаја понижување со елиминација од ДФБ покалот.

Последен тим што му дал пет гола на Баерн е Ајнтрахт Франкфурт во 2019 година, тогаш беше 5:1, а тренер на Орлите беше токму Хутер, кој вечерва прецизно командуваше од клупата на Борусија Менхенгладбах и му подари нова петка на баварскиот гигант.

По два гола дадоа Бре Емболо и Рами Бенсебјани, а голеадата ја почна Коне во втората минута.

Последниот гол на мечот што го постигна Емболо можете да го погледнете ОВДЕ.

Изненадување во 1/16-финалето на Германскиот куп имаше и во Леверкузен, каде што Баер загуби од второлигашот Карлсруе и испадна со пораз од 1:2.

Бохум, Унион Берлин и Сент Паули минаа понатаму на пенали, односно по продолженија, а во следната фаза ќе играат и Хановер и Келн, кои се победници вечерва.

Резултати: Борусија Менхенгладбах – Баерн 5:0, Баер – Карлсруе 1:2, Бохум – Аугсбург 2:2 (5:4 на пенали), Динамо Дрезден – С. Паули 2:2 (2:3 по продолженија), Манхајм – Унион Берлин 1:1 (1:3 по продолженија), Хановер – Фортуна Дизелдорф 3:0, Јан Регенсбург – Ханза 2:2 (се играат продолженија), Штутгарт – Келн 0:2.

 

- Оглас -

Најнови вести