31.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

Неверојатна победа за Милвоки и Адетокумбо (ВИДЕО)

Милвоки бакс славеа на домашен терен со 120:119 против Мајами хит во еден од највозбудливите натпревари сезонава.

Актуелниот првак имаше негатива од четири поени на 14 секунди до крајот на средбата, а со тројката на Мидлтон и двата поени на Џру Холидеј во последната секунда, успеа да направи комплетен пресврт за голема радост во салата.

Најефикасен кошаркар кај победничкиот тим беше Јанис Адетокумбо, кој имаше дабл-дабл учинок од 28 поени и 17 скокови.

Денвер, пак, на домашен терен го имаше еден од најшокантните порази сезонава откако изгуби од Оклахома сити тандер со 107:119.

Гостите предводени од Шај Гилбос Александар (29 поени) и Ајзеа Роби (26 п.) ја остварија една од најсензационалните победи досега. Јокиќ, пак, со дабл-дабл од 22 поени и 16 скокови не можеше да му ја донесе победата на Денвер.

 

НБА

Кливленд кавалирс – Шарлот хорнетс 98:119

Орландо меџик – Индијана пејсерс 114:122

Филаделфија 76-ерс – Њујорк никс 123:108

Хјустон рокетс – Јута џез 127:132

Милвоки бакс – Мајами хит 120:119

Њу Орленс пеликанс Сакраменто кингс 125:95

Денвер нагетс – Оклахома сити тандер 107:119

Феникс санс – Портланд трејлблејзерс 120:90

https://youtu.be/2v28fOaUG3I

 

- Оглас -

Најнови вести