Неверојатна приказна – Лион продаде стандарден првотимец поради тоа што често прди (ФОТО)

Неверојатна приказна доаѓа од Франција, односно од екипата на Лион, којашто во јануарскиот преоден рок го продаде дефанзивецот Марсело.

Тој беше стандарден првотимец во овој француски великан, а причината за неговата продажба, како што открива „Л’Екип“, е поради тоа што често прдел во соблекувалната.

По поразот од Анже, спортскиот директор и легенда на овој клуб Жунињо влегол во соблекувалната на тимот, а таму ги видел фудбалерите коишто гласно се смееле како да победиле.

Наводно, Марсело непрестајно прдел, а тоа го изнервирало Жунињо и раководството на клубот, па затоа во јануари го продадоа овој играч во Бордо, и тоа за без пари.

Тој за Лион играше четири години и во тој период запиша 121 настап и постигна шест погодоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести