Женската ракометна екипа на Крим од Љубљана своевремено беше голем ривал на Кометал ЃП во Лигата на шампионите, а нивната доминација во домашните натпреварувања трае и ден денес. Тие имаат 29 титули од првенството и 28 од Купот на Словенија, а немаат пораз на домашно тло, верувале или не, од седми мај 2016 година.
На последниот меч од првенството на Словенија ја совладаа Ајдовчина со 40-26, што за нив е 221-ва победа по ред. Ваква доминација ретко може да се најде во светот на спортот во која било конкуренција.
Крим ја освојуваше Лигата на шампионите во 2001 и 2003 година.