Црвена ѕвезда синоќа со 3:1 го победи Вардар во пријателски меч, а веќе утре, српскиот првак ќе прослави еден неверојатен рекорд. Точно осум години Црвена ѕвезда нема пораз на домашен терен во првенствен дуел, што преставува апсолутен светски рекорд.
Неверојатно делува низата од 148 натпревари на кои Црвена ѕвезда на својот стадион нема пораз во првенството. Претходниот рекорд беше во сопственост на Реал Мадрид кој имаше 121 меч без пораз во шпанското првенство, а Црвена ѕвезда овој рекорд го надмина и сега е на 148 меча без пораз на „Рајко Митиќ“ во пренството.
Интересно е дека кога Црвено-белите последен пат загубија дома, шампион во Англија беше Лестер, Килијан Мбапе играше во Монако, Нејмар играше за Барселона, а Ерлинг Халанд играше во ниските лиги.