Во фудбалското првенство на Црна Гора во моментов има една бизарна ситуација, по 11 одиграни натпревари, првопласиран тим на табелата е Дечиќ, кој има 20 бода и, верувале или не, негативна гол-разлика од 15 постигнати и 16 примени голови.
Многумина што ја погледнале табелата веројатно се прашуваат дали е грешка, но не е, актуелниот лидер навистина е во таква позиција.
Дечиќ има 6 победи, три порази и две ремија, а прими 16 гола. Дечиќ славеше петпати со по еден гол разлика, а еднаш со два гола разлика. Поразите беа два со два гола разлика, а еден со 0-4 и тоа придонесе тимот и по 11 рунди да има негативна гол-разлика.
За да биде уште покомично, ниеден клуб во првенството надвор од зоната за плејоф за опстанок или зоната за директно испаѓање нема негативна гол-разлика освен Дечиќ.