Ривалитетот меѓу Барселона и Реал Мадрид постои на секое ниво на спортот. Без разлика дали е тоа фудбал, кошарка или некој друг спорт, тоа се доживува како дерби. Сепак, најголема сатисфакција е да се победи на фудбалскиот терен.
Сезонава, веќе беа одиграни неколку Ел класико дуели, а двата клуба имаа причини за славје. Сепак, кога се работи за првенството, тука Барселона доминира и има дури 13 бодови повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид. каталонскиот гигант на врвот е со 72 бодови, а Реал Мадрид досега има освоено 59 бодови.
Ваквата бодовна разлика на овие два клуба е ретка, но ја имало и во минатото. Тоа што е помалку неверојатно е дека и во женското првенство на шпанскиот фудбал, ситуацијата е иста. Фудбалерките на Барселона се на челната позиција и имаат 72 бодови, додека второто место е за Реал Мадрид, чии фудбалерки досега освоија 59 бодови, односно заостануваат 13 бода во однос на најголемиот ривал.
Во првенството кај мажите, Реал Мадрид вечерва гостува кај Кадис, а Барселона ќе игра на теренот на Хетафе.
Barcelona’s men’s and women’s teams each have 72 points in their leagues and 13-point leads over Real Madrid 🤯 pic.twitter.com/I8bcQnZka9
— ESPN FC (@ESPNFC) April 12, 2023