Неверојатна статистика, Јокиќ само трипати имал вакви бројки во плејофот и сите три меча Денвер ги загубил

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ утринава уште еднаш потврди дека е незапирлив, но тренерите во НБА-лигата најдоа начин како и при таква игра, да дојдат до победа.

Едната тактика е да се пушти Јокиќ да го полни кошот, но да му не му се овозможи да ги разигра соиграчите, а втората е да му оневозможи на Србинот да има лесни шутеви и да се натераат неговите соиграчи да ја преземат одговорноста.

Тренерскиот тим на Мајами хит предводен од Ерик Сполстра се одлучи за првата тактика и не погреши. Јокиќ утринава по третпат во кариерата постигна 40 или повеќе поени во плејофот, но Денвер сите три меча ги загуби.

Утринава Денвер е поразен од Мајами со 111:108 во вториот меч од големото финале, а Јокиќ мечот го заврши со 41 постигнат поен и 11 скокови.

Првиот меч во плејофот во кој постигнал 40 или повеќе поени беше во 2019 година против Сан Антонио. Во шестиот меч од серијата, Јокиќ имаше учинок од 43 поени, 12 скока и 9 асистенции, но Сан Антонио славеше со 120:103. Во таа серија, Денвер победи во седмиот меч, но испадна од Портланд во следната рунда од плејофот.

Вториот меч беше во овогодишниот плејоф против Феникс санс. Во четвртиот меч од конференциското полуфинале, Јокиќ постигна 53 поени и имаше 11 асистенции, но Феникс славеше со 129:124 и тоа беше последна победа за Сонцата во серијата.

- Оглас -

Најнови вести