Неверојатна статистика открива зошто Манчестер е толку слаб со Мурињо

Манчестер јунајтед освои само 10 бода во досешаните седум средби во Премиерлигата. Тоа е доволно за 10 место на табелата, што е најлош старт на една сезона во последните речиси три децении. Најтрофејниот англиски клуб вечерва на „Олд Трафорд“ игра против Њукасл и очекува конечно да се израдува.

Ако Манчестер започна слабо, тогаш гостите се очајни. Во досегашните седум средби имаат само две реми и дури пет порази, без ниту една победа. Затоа е можеби и најпосакуваниот ривал за Манчестер во овој момент.

Тренерот на англискиот гигант, Жозе Мурињо е под се поголем притисок дека мора да победи. Некои велат дека дури ако сега не ги освои трите бода, може слободно да си замине од клубот. Португалскиот стратег трета сезона е на чело на екипата, но далеку е од повторување на успесите на легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Педантните англиски статистичари открија зошто Манчестер под водство на Мурињо игра толку променливо. Играчите на Манчестер се меѓу најмрзливите за трчање. Статистиката покажува дека во досегашните седум средби, фудабалерите на Манчестер покриле 744,6 километри што во просек е 106,37 км на средба. Со таков просек, Манчестер е на претпоследното место во лигата во оваа категорија.

Дека ова со покривање на теренот не е проблем само од оваа сезона, покажуваат мерењата од ланската и од таа сезона претходно. Во сезона 2016/17 кога Мурињо дојде на „Олд Трафорд“, играчите на Манчестер покриле вкупно 4.023,4 километри, односно 105,88 километри по меч, што бепе доволно за последното место во оваа статистичка категорија во Премиер лигата. И покрај оваа очајна статистика, Манчестер пред две сезони заврши на петото место.

И лани ситуацијата беше иста. Со вкупно 4.99,8 километри или 107,88 километри на меч, игралите на Манчестер беа на 19 позиција во оваа категорија. И покрај тоа што малку трчаа, Јунајтед на крајот заврши на второто место во првенството, веднаш зад шампионот Сити.

Едноставно на секој меч, играчите на Манчестер јунајтед се надтрчани од противниците и затоа резултатите не се очекуваните. Останува да се види каква ќе биде желбата и борбата кај фудбалерите на најтрофејниот англиски клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести