4.8 C
Skopje
четврток, 2 октомври 2025

Неверојатна сцена на „Олимпико“: Голманот на Лил три пати го бранеше пеналот што го доби Рома (Видео)

Лил со 1:0 победи на „Олимпико“ против Рома, а голманот на гостите е херојот на мечот. Турскиот голман Берке Озер во дресот на Лил успеа три пати да одбрани еден ист пенал.

Во финишот на мечот беше досуден пенал за Рома, а Артем Довбик шутираше, но голманот одбрани. се вклучи ВАР собата која одлучи дека голманот не бил на гол-линијата и мораше да се повтори пеналот.

Довбик повторно шутираше и тоа повторно на истото место, а голманот повторно одбрани. Потоа, повторно се јавија од ВАР собата и решија дека треба по трет пат да се шутира пеналот.

Третиот пат, токпата ја белата точка ја намести Матијас Суле, кој ја смени страната на која шутираше претходно Довбик, но голманот Озер и по трет пат одбрани, па резултатот на крајот остана 1:0 во корист на Лил.

- Оглас -

Најнови вести