Неверојатна сцена, пола тим на Јувентус остана „без здив“ на 15 минути до крајот на натпреварот

Фудбалерите на Јувентус викендов славеа против Торино во градското дерби кое се играше во рамките на десеттото коло во Серија А, но еден момент што го уловија камерите покажува дека Старата дама не е тимот кој порано буквално ги мелеше противниците во сите 90 минути.

Голот за триумф го постигна Душан Влаховиќ во 75-тата минута, а само две минути подоцна е забележан момент за кој се зборува на социјалните мрежи.

Имено, речиси пола тим на Јувентус остана дури без петмина фудбалери, кои се држеа за колената и беа со наведнати глави додека натпреварот беше во прекин.


Оваа слика е тотална спротивност од тоа што Јувентус го правеше до пред две години, кога противниците ги победуваше резултатски и притоа демонстрирајќи ја физичката подготвеност. 

- Оглас -

Најнови вести